MODU – нова и иновативна играчка која ќе посакате да ја имате дома

За време на празници и родендени, секој родител се обидува да најде интересни, но и трајни играчки за своите деца. Секој посакува играчки што ќе траат со години, што се безбедни и по можност никогаш да не им здодеат на децата. Тоа е сон на секој родител (и на детето)…но, дали такви играчки постојат? Секако! Нашиот нов бренд MODU е токму тоа што го барате!

ШТО Е ТОА MODU?

Многу е едноставно: MODU е модуларен состав на коцки од мека пена, кои можете меѓусебно да ги поврзувате и вклучите во сите конструкции и аспекти на играта. Елегантни коцки во неутрални основни тонови со неколку детали во боја.

MODU е создаден во Копенхаген каде што бил развиен од тим на млади луѓе коишто имале само една цел: креирајќи ги модуларните коцки да дизајнираат трајни и единствени играчки коишто ќе им помагаат на децата да ги развиваат своите моторички способности преку поттикнување на активната игра.  

ЗОШТО Е MODU ТАКА ИЗДРЖЛИВ?

Како родител, сигурно не сакате да вложувате во играчки коишто децата ќе ги прераснат после само неколку месеци. И тоа се случува многу побрзо одошто мислите, бидејќи децата толку брзо напредуваат во младата возраст што понекогаш се потребни нови моторички предизвици веќе после само неколку недели. MODU има одговор на тоа! Кога вашето бебе/дете ќе прерасне одредена развојна фаза или една MODU креација, можете да направите друга. MODU расте заедно со вашите малечки градители а истовремено му помага на вашето дете да порасне.

Меките MODU коцки се погодни за деца од 6 месеци до 6 години. Значи, кога ќе купите еден од трите MODU сетови, бидете сигурни дека не само вашето најмладо дете, туку и постарите браќа или сестри се уште ќе можат весело да играат.

КАКО MODU ПОМАГА ВО РАЗВОЈОТ НА ВАШЕТО ДЕТЕ?

MODU го поттикнува развојот на детето благодарение на „активната игра“!

Меките коцки од пена создаваат предизвик на моторичко и креативно ниво, бидејќи можат да се сложуваат според дадените упатства, но децата, секако, можат да создаваат и свои креации како продукт на нивната имагинација.

Количка со тркалца, градење на кула со мама, но и тркање со воз, туркање, одржување на рамнотежа…сето тоа е можно со MODU. И она најважното: децата често го користат целото тело за да се играат со MODU, а токму тоа е она што сакаме да го постигнеме.

Како алтернатива на времето поминато пред екраните корисно е да им се овозможи на децата повторно да се играат со играчки, а со MODU тоа е возможно!

А ШТО Е СО БЕЗБЕДНОСТА И ЕКОЛОГИЈАТА?

Дизајнерите на MODU ова го претворија во една од своите најважни точки. Создадоа играчки со коишто децата можат долго време да се играат, дури и со години. На одговорен начин бидејќи меките коцки се изработени од еколошки материјал. Избрана е 100% рециклирачка ABS пластика за спојките, безбедна EVA пена за коцките и сето тоа е без фталат и BPA, така што е одобрено во EN71 категорија!

Безбеден е, издржлив, еколошки и со него ќе се забавувате со години.

Ви посакуваме големо творечко задоволство!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МЕНИ

Сите права се задржани