Ergobaby Metro+ компактна градска количка, сива

Количката Metro+ доаѓа во нов, уште поудобен облик.

Дополнителна постава за леглото;

Телескопска рачка која се прилагодува согласно висината на родителот;

Едноставна за употреба, со интегрирано гнездо за новороденче;

Собирање со една рака;

Дополнителни адаптери со кои може да прикачите транспортер (BeSafe, Maxi Cosi, Cybex, Nuna).

Количката е наменета за возраст од новороденче па се до 4 години, односно до 22 kg.

21,620 ден

1 in stock

Already Sold: 0 Available: 1
0

Description

Удобноста е клучна!

Удобноста е секако клучот за удобно возење и мирен сон. Затоа, новиот Metro+ ќе стане ваш синоним за удобност, благодарение на удобните перничиња на седиштето или леглото за бебето.

Положба за лежење!

Metro+ има можност да се спушти во целосно лежечка позиција, како и прилагодлив потпирач за нозе и мрежа што овозможува проток на воздух, што ќе му овозможи на вашето дете да спие мирно дури и кога сте во движење.

Едноставно собирање со една рака!

Количката Metro+  е сон на секој родител, затоа што овозможуваат мултитаскинг. Брзото и лесно преклопување со само една рака ви овозможува да ја ставите количката во багажникот, да се качувате по скали, да го држите детето за рака додека пешачите, или  додека го носите вашето бебе во раце.

Metro+ се идеални колички за употреба од самото раѓање!

Новиот модел Metro+ содржи  делови со кои за само неколку секунди, можете да ја претворите количката во бебешко гнездо. Метро количките се одлични  за бебиња почнувајќи од која било возраст.

Удобност за родителите!

Покрај прилагодливата висина, рачката на Metro+ е изработена од мека и мазна перфорирана еко кожа. Возењата ќе бидат пријатни и ќе ја турнете количката без страв од лизгање.

Компатибилност со транспортери!

Metro+ доаѓа со уште една нова опција, а тоа е компатибилност на транспортери. Со соодветните адаптери, можете да поставите 0+ модели на траснпортер од брендовите BeSafe, Maxi Cosi, Cybex и Nuna на вашиот Metro+.

Димензии

Димензии на отворена Metro + количка: 96/105 cm висина × 44 cm ширина × 87 cm должинa.
Димензии на собрана Metro+ количка: 54 cm висина × 44 cm ширина ×  25 должина.
Тежина на Metro+ коликата: 7,8 kg.
Наслон на седлото/леглото: 95-175°.

 

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Ergobaby Metro+ компактна градска количка, сива”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Vendor Information

  • Vendor: oxymammy
  • 5.00 5.00 rating from 2 reviews