Компактна количка која ги урна сите митови за лесни колички

Метро количката е спој на компактност и удобност

Една од недоумиците кои ги имаат родителите кога избираат детска опрема е дали да купат поголема количка или помала и компактна. Аргументите одат во полза и на едната и на другата – па како тогаш да се направи вистинскиот избор?

Размислете каков е вашиот животен стил. Ако вашето секојдневие вклучува главно прошетка низ градот, по бетонирани површини, ако поседувате помал автомобил или користите јавен превоз, ако живеете во зграда без лифт, или сакате да продолжите да патувате по светот и со вашите најмалечки – тогаш компактна и лесна количка е вистинскиот избор за вас.

Мит 1: Мојот животен стил бара практичност, но тоа значи помала удобност

Родителите често мислат дека со избор на лесна и компактна количка мораат да избираат помеѓу практичноста за себе и удобноста за детето. Тоа никако не мора да биде случај. Ergobaby Metro количката е единствената компактна количка на нашиот пазар која има AGR сертификат за “здрава за грбот” на детето, но и на родителот.

Освен што има ергономска рачка за туркање на количката, Ergobaby Мetro има и дел за седење кој е обложен со перничиња во повеќе зони што гарантира поголема удобност за детето, било да спие во лежечка положба или се вози во седечка положба. Metro дополнително има и интегриран потпирач за нозете кој може да се регулира.

Мит 2: Новороденчето не е безбедно во компактна и лесна количка

Корпата за новороденче е нешто што се користи од самото раѓање па се додека бебето не почне да седи кога ќе може да преминете во седечкиот дел од количката.

Корпата за новороденче е заштитена од сите страни што го штити детето од надворешни услови како што се ветер и влага. Внатрешниот дел од корпата е обезбеден со мек материјал, а на дното се наоѓа ергономски душек кој му дава сигурен и удобен сон на вашето бебе. Покрај сето тоа, доволно долгиот кров со SPF 50 го штити бебето од сонце и дожд. Она што секако треба да се издвои е дека корпата се купува одделно како дополнителен дел што е супер за буџетот на родителите на коишто таа не им е потребна.

Мит 3: Делот за седење е тесен и детето нема да може долго време да го користи

Делот за седење на Metro количката е широк 33 см што е доволно за дете со тежина од 22 kg. Компактноста и можноста количката да може да помине низ секој премин и да влезе во секој лифт се должи на фактот дека количката мора да биде потесна, но тоа не значи дека е помалку удобна за детето. Кога количката ќе стане тесна за детето, тогаш детето е доволно големо за сигурно и самостално одење, па количката нема повеќе да му биде интересна.

Мит 4: Лесната количка нема доволно место за работите

Она што ги загрижува родители е фактот дека компактната количка е помала, а со само тоa има и помалку простор за складирање. Тоа е делумно точно. Помалата количка има едноставно и помалку простор, но она на што треба да обратите внимание е корпата под седечкиот дел на количката Metro. Кај Metro количката се работи за корпа која има носивост од 4,5 kg што е повеќе од доволно за купените продукти или основните работи што ви требаат за прошетка. На крајот, Metro количката можете да ја туркате, да ја склопите и носите во една рака додека во другата рака ви се работите или детето, што со поголемите колички главно не е возможно.

Важно е при изборот да ги имате на ум потребите на детето, но и своите. Ergobaby Metro количката успева да ги избалансира двете страни – таа нуди удобност и практичност.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МЕНИ

Сите права се задржани