BeSafe Beyond ISOfix База

  • Овозможува исклучително едноставно поставување на авто-седиштето Beyond со едноставен „клик“ на ISOFIX конекторите на базата во ISOFIX точките за прицврстување во автомобилот

  • Функција на ротација која овозможува вртење на авто-седиштето кон вратите на автомобилот за полесен пристап, како и целосна ротација од 360° кај авто-седиштето Beyond 360

  • Исклучително лесна, но воедно и извонредно издржлива, благодарение на материјалите користени во конструкцијата кои можат да издржат и да го заштитат детето при судар до висина од 125 см и тежина до 22 кг

  • Компатибилна со: BeSafe Go Beyond и BeSafe Beyond 360 авто-седишта

20,400 ден

Опис

1. Обезбедува оптимален агол на автомобилското седиште

Механизмот Universal Level Technology™ овозможува базата во секој момент да се постави под оптимален агол, бидејќи авто-седиштето не зависи од аголот под кој е поставено седиштето во автомобилот.

2. Дополнителен простор за нозе

Рачката на предниот потпирач на базата овозможува прилагодување на просторот за нозе кај поголемите деца, преку навалување на предниот потпирач.

3. Ротациона база

Базата има функција на ротирање, што овозможува лесно вртење на авто-седиштето кон вратите на автомобилот за полесен пристап при врзување или одврзување на детето.


Врвна безбедност

  • Се користи со сите авто-седишта од Beyond системот од 40 до 125 см и до 22 кг

  • Уникатни материјали и револуционерна конструкција за робусна, но лесна база

  • Две копчиња за ослободување на ISOFIX за дополнителна безбедност

  • Визуелни индикатори кои даваат повратна информација за правилна инсталација

  • Паметен механизам за блокирање што спречува прерано вртење во правец на возење

  • Му овозможува на детето патување спротивно од правецот на возење до приближно 6 години


Уникатни карактеристики за секојдневна флексибилност

  • Функција на ротација за лесен пристап и ергономско користење

  • Поставување на Beyond авто-седиштата со само еден клик на базата

  • Лесно достапна рачка за ослободување на авто-седиштето од базата

  • Мала тежина и едноставна инсталација што овозможуваат лесно преместување на базата помеѓу повеќе автомобили


Удобност

  • Universal Level Technology™ за оптимален агол на седење во секој автомобил

  • Прилагодлив простор за нозе за помали деца во комбинација со авто-седиштата Beyond / Beyond 360


Природата и променливата мобилност во фокус

Концептот BeSafe Beyond е создаден да трае. Издржливите материјали, во комбинација со конструкција што овозможува лесна поправка, го продолжуваат животниот век на сите производи од Beyond концептот до 15 години.
Со користење на иста база за авто-седиште за новороденчиња и за мали деца од 0 до 6 години, се намалува количината на материјали што се користат при производството.

Дополнително, модуларниот и лесен дизајн го прави овој концепт идеален за семејства кои сакаат да го користат седиштето во повеќе автомобили – без разлика дали поседуваат два автомобила или користат car-sharing услуги.


Време на користење

Ограничување на одговорност за возрасниот опсег:
Ве молиме имајте предвид дека наведениот возрасен опсег е само ориентациска насока, заснована на просечни вредности, и не го ограничува ниту гарантира времетраењето на користењето.