Добродојдовте во светот на Ergobaby

ергономија, удобност и привлечен дизајн

 

Носењето значи прегратка која дава сигурност, смирува и поврзува.

Во 2002 година, Карин Фрост, мајка од Мауи-Хаваи, Соединети Американски Држави, која не била задоволна од опциите кои биле достапни за носење  на својот син, во потрага за идеална носилка се одлучува да дизајнира носилка која ќе биде удобна и лесна за употреба. Почнувајќи од нејзината родителска љубов и желба својот син да го носи блиску до себе, таа го создала ергономскиот и удобен дизајн на Ergobaby носилките.

Денес, нејзиниот дизајн претставува златен стандард во светот на носилките.

Ergobaby носилките овозможуваат слобода за уживање на вашиот стил на живеење, притоа со ергономска и природна положба на носење на вашето дете за правилен телесен развој. Ergobaby носилките цврсто го држат детето до родителот со рамномерно распределување на тежината на детето помеѓу вратот и рамењата, со што се спречува притисок и оптовареност на `рбетот на лицето кое носи.  Ergobaby носилките се признаени од Меѓународниот Институт за дисплазија на колковите како “безбедни за колкови”.

Со повеќе од 30 носилки кои се дел од 5 главни категории: Embrace, Original, Omni 360, All Position 360 и Adapt, Ergobaby претставува водечка, премиум компанија за иновативни производи кои ги задоволуваат денешните потреби на родителите.

Ergobaby својата ергономија ја вметнува и во компактна Ergobaby Metro количка за деца. Оваа количка е единствена на пазарот која има германски AGR сертификат со признание “здрава за грб”.

Ergobaby Metro количката ги одушевува родителите низ светот затоа што претставува збир на компактност, удобност, практичност и привлечен дизајн.   

МЕНИ

Сите права се задржани