Добродојдовте во светот на Baby Tula

модерни, удобни и уникатни носилки

 

Носењето има позитивно влијание врз емоционалниот развој на децата.

Приказната на Baby Tula започнува со брачен пар од Соединетите Американски Држави кои дизајнирале носилки за потребите на своето семејство. Нивната мисија се проширува во движење кое промовира носење преку квалитетни производи, едукација и споделување на искуства на родителите низ целиот свет.

Денес, нивниот бренд претставува водечки во изборот на ергономски носилки со единствени и модерни дезени.

Baby Tula носилките се признаени од Меѓународниот Институт за дисплазија на колковите како “безбедни за колкови”. Покрај ергономија и удобност, овие носилки се препознатливи по своите модерни и весели дезени.

Со помош на Baby Tula носилките можете да се прегрнувате, милувате, танцувате со вашето дете, а кога ќе дојде време и заедно да го истражувате светот на сигурен и ергономски начин.

Доволно е само да ја изберете омилената положба на носење и спремни сте за нови авантури со вашето дете – прегрнете го вашето дете додека го носите према себе, заедно истражувајте го светот додека го носите према напред, а за поголемите деца кои уживаат носење, пробајте ја положбата на носење на грб.

МЕНИ

Сите права се задржани