Опис
BeSafe iZi Turn i-Size
Ова авто-седиште за деца од 1 до 4 години нуди можност за целосна ротација од 360°, што им овозможува на родителите полесно да го стават или извадат детето од седиштето, како и пристап до детето во секој момент и од секој агол.
BeSafe силно препорачува користење на авто-седиштето во спротивен правец од движењето што е можно подолго – оптимално додека детето не достигне висина од 105 см, односно приближно 4 години. Сепак, ова авто-седиште овозможува и возење во правец на движење доколку тоа е потребно.
iZi Turn i-Size претставува спој на напредна технологија и висок степен на прилагодливост кон детето, благодарение на системот Two-Fit Cushion™, кој обезбедува дополнителна удобност и сигурност.
Двослојна безбедност
-
Вградена заштита од страничен удар (SIP) во школката на седиштето
-
Дополнителна заштита од страничен удар (SIP+) со прилагоден облик
-
Заштитен и мек наслон за глава со иновативниот систем Dynamic Force Absorber™
-
Кога е поставено спротивно од правецот на возење, го поминува најстрогиот тест во светот – Plus Test
(бидејќи во таа поставеност е идентично со BeSafe iZi Twist i-Size, кое го има положено Plus тестот) -
Одобрено според најновиот стандард UN R129 (i-Size)
-
Овозможува до 5 пати побезбедно патување во спротивен правец од возењето до приближно 4 години
Врвна функционалност за лесна секојдневна употреба
-
Паметен магнетен систем – олеснува ставање и вадење на детето
-
Целосна ротација од 360° за максимална флексибилност
-
Прилагодливи позиции на наклон, дури и по инсталација
-
Оптички и звучни индикатори за правилна инсталација
-
Едноставно прилагодување на наслонот за глава и сигурносните појаси
Индивидуализирана удобност
-
Universal Level Technology™ – систем за оптимален агол на седење во секој автомобил
-
Висококвалитетни материјали
-
Мек потпорен перниче за стабилност и поддршка
-
Исклучителна удобност со 4 позиции на наклон
-
Прилагодлив наслон за глава во 6 позиции што го следат растот на детето
-
Одлична проветреност благодарение на вентилацискиот систем на задниот дел
Universal Level Technology™
Конструирана за најлоши услови – секогаш со максимална удобност
Сите 3 BeSafe ротациони авто-седишта имаат уникатна конструкција што овозможува идеално прилагодување на наклонот при поставување во возилото. BeSafe ја разви технологијата Universal Level Technology™ за да обезбеди оптимален наклон без оглед на конструкцијата на автомобилското седиште.
Овој систем решава чест проблем кај авто-седиштата поставени спротивно од правецот на возење, предизвикан од накосените автомобилски седишта и различната висина на ISOFIX прстените. Universal Level Technology™ ја подигнува целата авто-седиште над автомобилското седиште, со што аголот на седење повеќе не зависи од наклонот на седиштето во автомобилот.
Dynamic Force Absorber™
Како трамплин
Иновацијата во заштитата од страничен удар отсекогаш била во фокусот на BeSafe. Со системот Dynamic Force Absorber™, iZi Turn i-Size нуди врвно решение во делот на наслонот за глава. Конструкцијата е изработена од специјален материјал со различно флексибилни зони, кои оптимално ги апсорбираат силите при страничен удар.
Two-Fit Cushions™
Прилагодување за максимална удобност
iZi Turn i-Size содржи докажани потпорни перничиња, познати од моделот iZi Modular i-Size, кои овозможуваат индивидуална удобност за секое дете. Изработени од меки, но стабилни материјали, тие обезбедуваат дополнителна поддршка и стабилност при преминот од авто-седиште за новороденчиња кон ова седиште за поголеми деца.
Перничињата се состојат од два дела и можат постепено да се отстрануваат како што детето расте. Се препорачува вадење на внатрешните перничиња околу втората година, но тие можат да се отстранат и порано или да се користат подолго – во зависност од развојот на детето.




