MODU
нова иновативна играчка со која само имагинацијата е граница
MODU е модуларен состав на коцки од мека пена, кои можете меѓусебно да ги поврзувате и вклучите во сите аспекти на активната игра.
Елегантните коцки во неутрални основни тонови со неколку детали во боја, веднаш се препознатливи по својот скандинавски изглед. MODU е создаден во Копенхаген, Данска каде бил развиен од тим на млади луѓе кои имале само една цел: креирајќи ги модуларните коцки да дизајнираат трајни и единствени играчки кои ќе им помогнат на децата да ги развиваат своите моторички способности преку активна игра.
MODU меките коцки се изработени од еколошки материјал, 100% рециклирачка ABS пластика за спојките, безбедна EVA пена за коцките и сето тоа е без фталат и BPA, така што се одобрени во EN71 категорија.
MODU го поттикнува развојот на децата благодарение на „активната игра“! Меките коцки од пена се моторички и креативен предизвик, затоа што можат да се сложуваат според дадените упатства, но децата можат да создаваат и свои креации како резултат на нивната имагинација.
Како алтернатива на времето поминато пред екраните корисно е да им се овозможи на децата повторно да се играат со играчки, а со MODU тоа е возможно!
MODU коцките се погодни за деца од 6 месеци па се до 6 години. Кога ќе купите еден од трите MODU сетови, бидете сигурни дека не само вашето најмладо дете, туку и постарите браќа или сестри се уште ќе можат весело да играат.