26.660 ден.
BeSafe Go Beyond
Peak Mesh
➕ Active Lay Flat™ технологија за природна лежечка позиција
➕ Лежечка позиција и при користење на количка
➕ Практична 180° ротација кон вратата за лесно поставување и вадење
➕ Погоден за деца од 40 до 87 cm (0–18 месеци)
➕ Монтажа со ISOfix база или со автомобилски појас
➕ Компатибилна со повеќето колички (Travel System)
26.660 ден.
26.660 ден.
-
Достава низ цела Македонија
-
Достава: 1-5 работни денови
-
Безбедно картично плаќање
-
Можност за плаќање на рака при достава
BeSafe Go Beyond² Peak Mesh е наградуван транспортер за новороденчиња со ергономска поддршка и напредни безбедносни решенија, создаден за безбедно патување уште од првиот ден. Како дел од Beyond системот, седиштето комбинира иновативни технологии и модуларен дизајн кој овозможува користење до приближно 87 cm (околу 18 месеци), следејќи го растот на детето.
Уникатната Active Lay Flat™ функција овозможува бебето да патува во природна лежечка позиција за максимална удобност, а во случај на удар седиштето автоматски се прилагодува во поусправена позиција за зголемена безбедност. Ротацијата на ISOfix базата овозможува лесен пристап од вратата на автомобилот, што значително го олеснува секојдневното поставување и вадење на бебето.
Peak Mesh 3D ткаенината со отворена структура обезбедува одлична циркулација на воздух, одржувајќи го бебето посвежо и поудобно при секое патување. Седиштето се прилагодува со отстранливи влошки и 10-степено подесување на потпирачот за глава, додека Universal Level Technology™ гарантира оптимален агол во секое возило.
За дополнителна безбедност се вклучени 5-точков систем на ремени, Dynamic Force Absorber™ за заштита на главата и SIP+ странична заштита од удар. Седиштето може да се монтира со ISOfix база или со автомобилски појас, а компатибилно е и со повеќето колички како дел од Travel System.
Карактеристики:
➕ Погоден за деца од 40 до 87 cm (0–18 месеци)
➕ Active Lay Flat™ технологија за природна лежечка позиција и автоматско прилагодување при удар
➕ Практична 180° ротација кон вратата за лесно поставување
➕ Монтажа со ISOfix база или автомобилски појас (ISOfix за ротација и lay flat функција)
➕ Peak Mesh 3D ткаенина за максимална циркулација на воздух
➕ Компатибилна со повеќето колички (Travel System)
➕ 5-точков систем на ремени за стабилност и безбедност
➕ Dynamic Force Absorber™ за заштита на главата при страничен удар
➕ SIP+ дополнителна странична заштита
➕ Universal Level Technology™ за оптимален агол во секое возило
➕ 10-степено прилагодување на потпирач за глава
➕ Magnetic Belt Assistants™
➕ Carry handle со еднорачно користење и заштитна функција
➕ Peekaboo продолжена тенда со индивидуално прилагодување од двете страни
➕ Одобрен за користење во авион (TÜV Rheinland)
Maтеријал и одржување:
• Peak Mesh 3D ткаенина со висока дишливост и отворена структура
• Надворешен материјал: 100% полиестер (рециклиран делумно во структурални делови)
• Внатрешен материјал: 100% полиестер
• Полнење: 100% полиестер
• Материјали усогласени со REACH стандарди
• Отстранливи текстилни навлаки
• Перење на 30°C на нежна програма
• Не се суши во машина
• Не се пегла и не се избелува
• Се суши на рамна површина
Сeртификати, награди и гаранција:
• UN R129 (i-Size) одобрение
• ADAC / Stiftung Warentest „Very Good“ резултати (2024)
• Baby Innovation Award 2024
• AGR сертификат за ергономска поддршка
• TÜV Rheinland одобрение за користење во авион
• Dynamic Force Absorber™ заштита
• SIP+ странична заштита
• Universal Level Technology™
• Beyond систем со продолжен животен век до 15 години