Бесплатна достава низ цела Македонија за нарачки над 3.000 ден.

besafe-beyond2-360-dark-sand
besafe-beyond2-360-dark-sand
besafe-beyond2-360-dark-sand
besafe-beyond2-360-dark-sand
besafe-beyond2-360-dark-sand
besafe-beyond2-360-dark-sand
besafe-beyond2-360-dark-sand

35.280 ден.

Нема на залиха

BeSafe Beyond² 360

Dark Sand

    ➕ Ротирачко седиште за деца од 61 до 125 cm 

    ➕ Практична 360° ротација за лесно поставување 

    ➕ Продолжено rear-facing користење до 125 cm (до околу 6 години)

    ➕ Паметен механизам за безбедно продолжено rear-facing користење

    ➕ Монтажа исклучиво со Beyond ISOfix Base

    ➕ SoftBreeze премиум ткаенина со подобрена дишливост


  •  Dark Sand
  • icon Достава низ цела Македонија
  • icon Достава: 1-5 работни денови
  • icon Безбедно картично плаќање
  • icon Можност за плаќање на рака при достава

BeSafe Beyond² 360 е ротирачко автомобилско седиште од новата генерација, дизајнирано да обезбеди максимална безбедност, удобност и флексибилност за деца од 61 до 125 cm (приближно од 6 месеци до 6 години). Како дел од Beyond системот, се поставува на Beyond ISOfix база и расте заедно со детето.

Овозможува продолжено возење во обратна насока (rear-facing), што претставува најбезбедниот начин на патување за децата. Паметниот механизам за заклучување спречува прерано користење во насока на возење, а практичната 360° ротација овозможува лесно поставување и вадење на детето.

Потпирачот за глава со 11 нивоа на прилагодување, до 16 cm дополнителен простор за нозете и 6-те позиции на навалување обезбедуваат удобност во секоја фаза од растот. SoftBreeze премиум ткаенината нуди подобрена циркулација на воздухот и дополнителна мекост, додека Ergo Cushion™ обезбедува ергономска поддршка на грбот, потврдена со AGR сертификат.

За максимална безбедност, Beyond² 360 располага со Dynamic Force Absorber™, SIP+ дополнителна странична заштита и Universal Level Technology™ за оптимален агол на поставување во секое возило. Издржливата конструкција и модуларниот Beyond систем обезбедуваат долг работен век до 15 години. 


Карактеристики:

• Погоден за деца од 61 до 125 cm (приближно 6 месеци – 6 години)

• Максимална носивост до 22 kg

• Продолжено користење во обратна насока (rear-facing) до 125 cm

• Можност за користење и во насока на возење од 88 до 125 cm

• Практична 360° ротација за лесен пристап до детето

• Монтажа исклучиво со Beyond ISOfix Base

• Паметен механизам за заклучување кој спречува прерано користење во насока на возење

• 6 позиции на навалување и потпирач за глава со 11 нивоа на прилагодување

• Простор за нозете прилагодлив до 16 cm

• Dynamic Force Absorber™ и SIP+ за напредна заштита при страничен удар

• Universal Level Technology™ за оптимален агол во секое возило

• AGR сертифицирана ергономска поддршка со Ergo Cushion™ 


Материјал:

• SoftBreeze премиум ткаенина со дополнителна мекост и подобрена дишливост

• Квалитетна ткаенина со дополнителна подлога за поголема удобност

• Надворешен материјал: 88% рециклиран полиестер, 12% еластан

• Внатрешен материјал: 100% полиестер

• Полнење: 100% полиестер

• Материјали усогласени со REACH стандардите  

  

Одржување:

• Отстранлива текстилна навлака

• Деталните упатства за одржување се наоѓаат на етикетата од внатрешната страна на текстилната навлака и нејзините делови

• Перење на 30°C (нежна програма / програма за чувствителни ткаенини или волна)

• Не се користи избелувач

• Не се суши во машина за сушење

• Не се пегла

• Не се хемиски чисти

• Се суши поставено на рамна површина


Сертификати, награди и гаранција:

• Одобрено според UN R129 (i-Size) безбедносниот стандард

Plus Test – еден од најстрогите тестови за безбедност при судир

AGR сертификат за ергономска поддршка на грбот

Dynamic Force Absorber™ технологија за дополнителна заштита на главата

SIP+ дополнителна странична заштита при удар

Universal Level Technology™ за оптимален агол на поставување во секое возило

• Дел од BeSafe Beyond модуларниот систем со користење на една ISOfix база од раѓање до околу 6 години

• Конструкција дизајнирана за долг работен век до 15 години






Други производи

logo